ТВ правата за англиската Премиер лига продадени за неверојатни 5,13 милијарди фунти

Правата за натпреварите од англиската Премиер лига продадени се за рекордни 5,13 милијарди фунти. Ексклузивното право за прикажување на натпреварите од англиското фудбалско првенство од 2016. до 2019. година го купија Скај Спортс и Бритиш Телекомуникејшнс.

Тоа е речиси двојно повеќе од претходниот договор кој исто така го делат Скај Спортс и БТ. Првите имаа право на 116 натпревари, со 20 први избори, додека на конкурентите им преостанаа 38 натпревари, од кои 18 со право на избор, пишува Спорт.

Првиот договор во Премиер лигата, уште во 1992. вредел 191 милион фунти, односно 600.000 по натпревар. Значи, за 23 години вредноста на правата пораснала за 27 пати.

Моменталниот договор, до 2016. година вреди вкупно три милијарди фунти или 6,5 милиони по натпревар.

По новиот договор, најмалиот износ кој клубовите би го добиле во сезоната 2016/2017, во зависност од пласманот, е 99 милиони фунти. Шампионот би можел да заработи дури 156 милиони фунти.

 

 

 

 

Оцени ја веста

11.02.2015 - 14:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега