Металург привремено го повлекува дресот на Миркуловски - која е причината?

Ненадејната разделба и заминувањето на Филип Миркуловски од Металург, во редовите на германскиот бундеслигаш Хановер, го спречи клубот достоинствено да се раздели од својата ракометна легенда.

Од тие причини, раководството на клубот реши привремено да го повлече дресот со број 13, дрес што во изминативе дванаесет години го носеше најборбениот и најпожртвуваниот ракометар на Металург, кој на секој натпревар гинеше за плаво-белата боја.

-Го повлекуваме дресот со број 13 затоа што тој број и тој дрес треба да се заслужат. 
Се надеваме дека еден ден Миркуловски повторно ќе го облече овој дрес и повторно ќе ги брани боите на Металург, се вели во соопштението на тимот од Автокоманда објавено на својата официјална интернет страница.

 

 

Оцени ја веста

12.02.2015 - 09:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега