ВИДЕО: Бесниот Ивановиќ, гризе или удира?

Челзи го совлада Евертон со 1:0 со голот на Вилијан во 90-тата минута, а две минути претходно имаше мешаница на теренот.

 

Во 88-та минута Гарет Бери доби втор жолт картон, настана мешаница, а дефанзивецот на Челзи Бранислав Ивановиќ го зграпчи гостинскиот фудбалер Џош Мекартни.

 

Во прв момент се доби впечаток дека Ивановиќ сака да го тргне Мекартни, но српскиот интернационалец потоа направи потег кој личеше на гризење. Сепак, на снимката се гледа дека Ивановиќ не сакаше да го гризне противничкиот фудбалер, туку се обиде да го удри со глава.

 

 

Оцени ја веста

12.02.2015 - 10:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега