Кире Лазаров во Барселона до 2017 година

Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров и Барселона го официјализираа продолжувањето на соработката за нови две сезони.

Со тоа Лазаров останува дел од најтрофејниот ракометен клуб во Европа и ако го одработи својот втор договор, во Шпанија ќе остане повеќе отколку во Хрватска и Унгарија, каде мина по пет сезони.

 

Одличната минатогодишна сезона во која тој и клубот имаа многу сатисфакции и освоија пет трофеи, беше заокружена со перфектната статистика на македонецот.

Тој беше прв клубски стрелец и во ASOBAL лигата и во Лигата на шампионите, каде Барса го освои третото место.

Во есенскиот дел од тековниот шампионат, Лазаров е „ударна игла„ на каталонскиот тим и тоа не остана незабележано од клубската управа, која дури и му понуди подолг договор од првиот.

Лазаров во една и пол сезона во дресот на Барселона, освои 9 трофеи, меѓу кои недостига само најсјајниот – Лигата на шампионите.

Десниот бек на Барселона во Шпанија пристигна во 2010 година и во дресот на Сиудад Реал ги издвојува првите победи и ги освои првите трофеи во Шпанија. До овој момент од неговите 42 трофеи, вкупно 16 ги освои во Шпанија (9 со Барселона и 7 со Атлетико Мадрид).

 

Превземено од lazarovkiril7.com

 

 

Оцени ја веста

12.02.2015 - 12:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега