Вардар на непланиран дуел со Хелиос Харков

Фудбалерите на Вардар кои се наоѓаат во турскиот туристички центар Анталија на подготовките за вториот дел од сезоната, непланирано ќе одиграат контролен натпревар со украинската екипа Хелиос Харков.

- Откако вчера беше совладан тимот на Гуижу од Кина, утре Вардарци ќе ги одмерат силите со украинскиот второлигаш Хелиос Харков. Иако овој пријателски дуел не беше планиран, сепак, стручниот штаб се реши да закаже уште меч, како дополнување на оној откажаниот против Волин во првиот дел од подготовките, соопштија од Вардар.

Оние фудбалери кои утре ќе настапат на мечот со Хелиос, ќе одмораат во сабота кога ќе биде дуелот со Металург Запорожје. Ова е одлука на тренерите на Вардар кои сакаат уште една проверка на тренинзите во Анталија.

После Металург следува натпреварот со Ѓургарден (на 17 февруари) и со Жилина три дена подоцна.

 

 

Оцени ја веста

12.02.2015 - 19:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега