Лош рекорд: Металург даде само 3 гола за едно полувреме

Подмладениот македонски ракометен шампион Металург, претрпе висок пораз во 9. коло од А – група во Лигата на шампионите. „Металурзите" загубија на гостувањето кај Кил со 35:16 (17:3)  

Избраниците на тренерот Лино Червар во грч го почнаа натпревароти, а ова беше причина во првите 30 минути да постигнат само три гола. Тимот од Автокоманда не постигна гол цели 22 минути во првото полувреме.  Ова дефинитивно е најдолг пост на Металург без постигнат погодок во европските натпреварувања, а воедно конкурент за рекорд во Лигата на шампионите за најдоло период без да се затресе мрежата на противникот.  

Сепак во вториот дел пулените на Лино Червар одиграа похрабро, но и ова не беше доволно да му се парира на трикратниот европски шампион. Германците од секоја позиција го решетаа голот на Никола Митревски, кој забележа 12 одбрани.  

Филип Талевски беше најдобар стрелец кај Металург со пет гола, три постигна Марко Бувиниќ, а по два Нелоски и Костески. Свои деби погодоци во ЛШ запишаа Бојан Маџовски, Мартин Велкоски, Жарко Пешевски и Горан Крстевски. Во тимот на Кил најефикасен беше Филип Јиха со 11 гола.

 

 

Оцени ја веста

15.02.2015 - 21:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега