Бронзен медал за македонскиот каратист Антиќ

Каратистот Симон Антиќ го освои бронзениот медал на вториот турнир од престижната Премиер Карате Лига што се одржа викендот во холандскиот град Алмере.

Антиќ успехот го направи во категоријата -84 кг. До медалот стигна преку елиминацискиот дел каде ги совлада Павич Александар (Србија ) со 3-0, потоа беше поуспешен од Мамајев Ајкан (Азербејџан) го победи на судиско изјаснување, во третото коло го победи Турскиот преставниг Гундуз Гокхан 3-1, за да во полуфиналето загуби од Францускиот репрезентативец и освојувач на многу медали Грилон Кенџи со минимален резултат 0-1. Бидејќи, Грилон влезе во финалето Македонецот во репасажната борба за бронзениот медал го совлада Соботар Валери од Украина со резултат 1-0.

На ова натпреварување петто место освои Мартин Несторовски. Тој во тешка категорија (+84 кг.) влезе во борба за медал но за жал загуби од Јакнич Велимир - Србија на судиско изјаснување.

Останатите македонски каратисти кои заминаа за Алмере, Берат Јакупи, Ненад Келебич, Тодор Ристевски, Енес Смаилагич, Иво Цветковски, Ико Ташев, Наташа и Моника Стефановска останаа без пласман на овој турнир.

На вториот турнир од 1 Премиер Карате Лига,  настапија 613 каратисти од 51 држава.

 

 

Оцени ја веста

16.02.2015 - 11:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега