ВИДЕО: Ибрахимовиќ за гладните во светот

Фудбалерите на ПСЖ втор пат во низа киксираат, а викендов одиграа само 2:2 на домашен терен против Каен.

Од напаѓачот на ПСЖ Златан Ибрахимовиќ се може да се очекува и речиси да не може да изненади на теренот или надвор од него. Сепак, овој пат одлучи својата популарност да ја искористи за хуманитарна цел.

 

Имено, Швеѓанецот беше стрелец на првиот гол за својот тим, а погодокот го прослави со соблекување на дресот и покажување на новите тетоважи. Сепак, тој не го стори тоа за да се пофали, туку да го сврти вниманието на големиот проблем со гладта во светот.

Тој за овој потег заработи жолт картон и ќе го пропушти следниот меч со Монако, но ниту еден картон не може да се мери со она што тој го стори.

-Имав 15 привремени тетоважи, а тоа се имињата на луѓето кои патат од глад. Тие тетоважи ги нема повеќе, но тие луѓе и натаму се тука. Се надевам дека можете да ги видите преку мене, изјави Ибрахимовиќ.

Напаѓачот воедно потенцираше дека се согласил да учествува во програмата на Обединетите нации во борбата против гладта во светот.

 

-Луѓето ме препознаваат каде и да одам. Ме викаат, ми скандираат. Сепак, постојат имиња кои никој не ги скандира. Кога би можел би ги напишал сите тие имиња на моето тело, но во светот денеска постојат 805 милиони гладни луѓе. Кога ќе го чуете моето име, помислите на тие имиња. Кога ќе ме видите мене, ќе ги видите нив, порача Ибрахимовиќ.

 

 

Оцени ја веста

16.02.2015 - 12:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега