Со оваа фотографија Халиловиќ ја налути Барселона

Талентираниот хрватски млад фудбалер Ален Халиловиќ ја налути Барселона со фотографијата која ја објави на својот Инстаграм профил.

Тој во четвртокот на социјалната мрежа објави фотографија на која се гледа дека е повреден и дека е на терапија. Но, проблемот е во тоа што клубот претходно не соопштил ништо за здравствената состојба на талентот.

-Нема да играм неколку недели бидејќи вчера се повредив. Ќе се вратам уште посилен, напиша Халиловиќ во описот на фотографијата.

Веднаш реагираше Жорди Винјалс, новиот тренер на Б тимот на Барселона.

-Точно е дека Халиловиќ е повреден и во прашање се лигаментите на левото колено. Од сега, фудбалерот кој ќе направи нешто слично, ќе биде казнет. Не сакам ништо да излегува во јавноста. Ова е прв и последен пат, категоричен е Винјалс.

 

Пред седум месеци Халиловиќ од Динамо Загреб за 2,2 милиони евра се пресели во Барселона.

 

 

Оцени ја веста

16.02.2015 - 12:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега