Нишикори третпат по ред победник во Мемфис - доби рачно изработена електрична гитара „Гибсон Мемфис“

Јапонецот Кеи Нишикори трета година по ред го освои трофејот на тенискиот турнир во Мемфис и стана првиот играч кој трипати по ред победил на овој турнир од неговото основање во 1975 година.

Нишикори во финалето беше подобар од Кевин Андерсон (Јужна Африка) со 2-0, по сетови 6:4 и 6:4.

За Нишикори, ова е прва титула во 2015 година или вкупно осма во кариерата.

Како награда, покрај пари, Јапонецот доби и рачно изработена електрична гитара „Гибсон Мемфис“ наместо трофеј.

 

 

Оцени ја веста

16.02.2015 - 15:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега