Капело ќе добие отказ ако Русија не се пласира на ЕВРО 2016

Селекторот на руската фудбалска репрезентација Фабио Капело ќе биде отпуштен доколку „зборнаја“ не обезбеди учество на Европското првенство во Франција 2016.

- Во договорот на федерацијата со италијанскиот стручњак постои опција за прекин на соработката во случај на лоши резултати. А неучество на ЕП е лош резултат и може да се протолкува како прекршување на договорот, изјави претседателот на Рускиот фудбалски сојуз Николај Толшчик.

Русите во квалификациската група Г се на 3.место, имаат пет бодови помалку од водечката Австрија.

Сојузот поради финансиски проблеми на Капело му должеше неколку плати, од јуни минатата година. На почетокот од месецот му исплати шест милиони долари.

 

 

Оцени ја веста

16.02.2015 - 16:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега