Манчестер Јунајтед избори четвртфинале во ФА купот

Екипата на Манчестер Јунајтед успеа да се пласира во четвртфиналето на ФА купот откако синоќа во последниот натпревар од 5.коло го победи Престон со 3:1.

Домаќинот Престон поведе со голот на Скот Лерд во 47.минута, а потоа следуваа трите голови на „црвените ѓаволи“.

Најпрвин мрежата ја погоди Андер Херера во 65.минута, водство во 72.минута донесе Марун Фелаини, а конечните 3:1 ги постави Вејн Руни од пенал во 88.минута.

Извлечени се веќе и четвртфиналните двојки, а Манчестер Јунајтед е домаќин на Арсенал. Астон Вила во дуелот на екипите од Бирмонгем е домаќин на ВБА, додека во дуелот на екипите кои не се од Премиер лигата ќе играат Бредфорд и Ридинг. Полседната двојка е Ливерпул – Блекбурн.

Натпреварите ќе се играат на 7 и 8 март. 

 

 

Оцени ја веста

17.02.2015 - 10:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега