ФИФА и дозволи на Барселона да купува играчи, но не и да ги регистрира

Поради кршењето на правилата за трансфери на малолетни играчи, Барселона е казнета два преодни рока да не може да купува или да продава играчи.

Сепак, од ФИФА стигнаа малку добри вести. Имено, овaа фудбалскa организација одлучи делумно да ја помилува Барселона, односно да им дозволи да купуваат играчи, но нема да имаат право да ги регистрираат до 2016-та година.

Тоа значи дека во летниот преоден рок оваа година Каталонците ќе можат да купуваат играчи, но сепак нема да можат да ги регистрираат до јануари 2016-та година. Оваа информација од ФИФА ја потврдија за „Скај Спортс“.

 

 

 

Оцени ја веста

17.02.2015 - 11:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега