Вечерва почнува нокаут фазата во Лигата на шампиони

По повеќе од двомесечна пауза, вечерва продолжуваат натпреварите во Лигата на шампионите со првите две средби од нокаут фазата.

На „Паркот на принцовите“ во Париз, францускиот шампион Пари Сен Жермен го пречекува Челзи. Ова ќе биде можност ПСЖ да се реваншира за минатогодишната елиминација во четвртфиналето кога „сините“ од Лондон со поради гол постигнат на гостински терен отидоа понатаму. Во Париз беше 3:1 за ПСЖ, а во Лондон 2:0 за Челзи.

Вториот денешен дуел се игра во Лвов, каде Шахтјор од Доњецк го пречекува Баерн Минхен.

Украинскиот првак уште од 5 декември кога беше крајот на домашното првенство нема одиграно официјален меч и тоа може да претставува хендикеп, за разлика од Баварците кои се во полна форма во Бундеслигата.

Почетокот на првите две осминафинални средби е во 20 часот и 45 минути.

По два натпревара ќе се играат утре, на 24 и 25 февруари.

 

 

Оцени ја веста

17.02.2015 - 11:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега