Хајдук ангажираше македонски талент

Младиот талентиран македонски напаѓач Бенјамин Демир кариерата ја продолжува во еден од најголемите фудбалски клубови на овие простори, хрватски Хајдук.

Овој 18-годишен напаѓач е дете на Вардар и потекнува од фудбалската школа на нашиот најтрофеен клуб, а играше за сите младински репрезентации на Македонија. Имаше успешни настапи за селекцијата на Македонија за играчи до 19 години во квалификациите за ЕП, особено на мечевите против Франција, БиХ и Луксембург.

Тој кусо време беше дел од хрватскиот Интер Запрешиќ, потоа настапуваше за македонските тимови Тетекс и Еуромилк. Договорот со Хајдук е за шест месеци со можност соработката да биде продолжена на подолго рок.

Инаку, Бенјамин е син на поранешниот фудбалер на Вардар Ерол Демир и поранешен репрезентативец на младинските селекции на СФРЈ.

За услугите на Бенјамин Демир минатото лесто беше заинтересиран и белградски Партизан.

ФОТО: ЕКИПА

 

 

Оцени ја веста

17.02.2015 - 13:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега