Во пресрет на „вечното дерби“ КК Работнички повика на фер навивање

Во пресрет на вечното кошаркарско градско дерби помеѓу МЗТ Скопје Аеродром и Работнички новиот директорот на тимот од „Градски парк“, Васко Кичевски повика на фер плеј и спортско навивање без инциденти без разлика на случувањата од последниот меѓусебен натпревар.

- Натпреварот  помеѓу МЗТ и Работнички секогаш предизвикува голем интерес во јавноста но овој пат натпреварот  е посебно интересен со оглед на тоа како заврши минатото дерби. Минатото треба да го оставиме и утрешниот натпревар да помине во духот на спортот, а за мене тоа значи фер плеј, корекно навивање и фер судење па подобриот нека победи, вели Кичевски.

Првиот човек на најтрофејниот македонски клуб верува дека судиите ќе бидат на ниво со оглед на тоа дека се со знакот на ФИБА.

- Дeлегирањето на судиите беше преку ждрепка, а тројката која е избрана да ни суди е составена од тројца ФИБА судии кои верувам дека ќе судат професионално. На крајот на краиштата овој натпревар ќе биде следен од цела Македонска јавност и не верувам дека било кој би се дрзнал втор пат да го уништи вечното дерби, изјави Кичевски.

Натпреварот МЗТ Скопје Аеродром – Работнички ќе се игра утре од 18:30 часот во СЦ „Јане Сандански“. 

 

 

Оцени ја веста

17.02.2015 - 14:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега