Македонски судии ќе ја делат правдата на мечот Севиља – Борусија Мехенгладбах

Ново признание за македонските судии, кои од страна на УЕФА повторно се делегирани да ја делат правдата на натпревар од Лига Европа.

Александар Ставрев ќе биде главен судија на мечот помеѓу Севиља и Борусија Мехенгладбах кој се игра во четврток на стадионот „Рамон Санчез“ со почеток во 21:05 часот.

На Ставрев ќе му асистираат Марјан Кировски (прв помошник) и Дејан Костадинов (втор помошник), додека зад головите ќе бидат Димитар Мечкаровски и Дејан Јакимовски. 

Четврти судија на натпреварот ќе биде Гоце Петрески.

 

 

Оцени ја веста

17.02.2015 - 14:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега