Наумче Мојсовски се сели во Катар

Поранешниот ракометар на Металург, Наумче Мојсовски, кариерата најверојатно ќе ја продолжи во Катар, во екипата на Лахвија.
 
Мојсовски по раскинувањето на договорот со Металург беше поврзуван со Цеље и Гепинген, но по се изгледа понудата од Катар била финансиски најконкретна.
 
Мојсовски во катарскиот тим ќе настапува заедно со својот  колега од Металург и репрезентацијата на Македонија, Ренато Вугринец.
 
Двајцата ракометари во Лахвија ќе играат до крајот на сезоната. Катарското првенство започнува на 25.февруари.
 

 

Оцени ја веста

17.02.2015 - 15:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега