ВИДЕО: Поранешен фудбалер на Јунајтед одигра само 37 минути и остана без здив

Бразилецот Андерсон во јануарскиот преоден рок од Манчестер Јунајтед се пресели во татковината, односно во тимот Интернасионал.

 

Сепак, таму не се снаоѓа баш најдобро.  Тој досега настапи на два меча за неговиот нов тим, а ноќеска Интернасионал гостуваше кај боливискиот тим Стронгест во рамките од Копа Либертадорес.

 

Андерсон на овој натпревар одигра само 37 минути, а потоа мораше да го напушти теренот бидејќи остана без здив. На клупата за резервни фудбалери медицинскиот тим мораше да му даде кислород.

Интернасионал загуби на овој натпревар со 3:1, а познато е дека сите тимови или репрезентации кои гостуваат во Боливија имаат проблеми и речиси никогаш не победуваат. Причина за тоа е надморска висина на која се наоѓаат стадионите, па поради тоа фудбалерите кои гостуваат често пати остануваат без здив.

 

Стадионот „Ернандо Силес Рејес“ во боливискиот град Ла Паз се наоѓа на 3.637 метри надморска висина, па поради тоа Андерсон имаше проблеми со дишењето.

 

 

Оцени ја веста

18.02.2015 - 10:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега