Чоколадо кое го забавува стареењето

Научници од Кембриџ успеале да направат посебен вид чоколадо кое има тенденција да го забавува стареењето.

Оваа посебна чоколада ја обновува кожата така што го забавува процесот на стареење, тврдат истражувачите од овој универзитет.

Тие осмислиле специјална техника со помош на која се зголемува апсорпцијата на флавониди од какаото, а молекулите кои се наоѓаат во чоколадата ја интензивираат заситеноста на кожата со кислород, што е, всушност, клучен фактор во забавувањето на процесот на стареењето. Бидејќи клиничките испитувања покажале дека една штангла чоколада има само 38 калории, научниците веруваат дека овој деликатес би бил сосема прикладен и за дијабетичарите.

Оваа посебно модифицирана чоколада наводно има многу подобар вкус и е со посилна арома, но поради „специјалниот ефект" секако ќе биде и значајно поскапа од онаа обичната.

 

 

Оцени ја веста

23.02.2015 - 21:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега