Емина бесна на продукцијата на X Фактор-Нема да биде дел од жирито

Емина Јаховиќ доживеала непријатност кога продукцијата на Х Фактор и ги соопштила своите ставови и шокирана се вратила од аеродром дома!

 

Продукцијата не сака да ги финансира основните потреби, како што се фризер и шминкер. Иако им го прости хонорарот кој и го должат уште од минатата сезона на Х Фактор, таа одлучи и оваа година да им излезе во пресрет. Но, бидејќи е познато дека кај вака големи проекти продукцијата е таа што ги обезбедува основните потреби на членовите на жирито, како што се фризер и шминкер кои секако работат на сетот, Јаховиќ очекувала да го добие најосновното.

 

Сепак, бидејќи тие не и излегле во пресрет, кога тоа и го соопштиле таа веќе била на аеродром за да патува за Белград за да присуствува на вечерата за медиумите, од аеродром се вратила дома.

 

Извор: Вистина.мк

 

 

Оцени ја веста

24.02.2015 - 10:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега