Во Дубаи од небо паднаа 700.000 евра! (ВИДЕО)

Кога некој кажува дека ќе замине да работи во странство, она што сите му кажуваат е дека ни таму „не паѓаат пари од небото“. Е, па, во Дубаи паѓаат!

 

Возачите во Дубаи неможеле да поверуваат на своите очи кога пари почнале да паѓаат од небо. Сите почнале да излегуваат од автомобилите и да ги грабаат парите.

 

Се проценува дека од небото паднале дирхми во вредност од најмалку 700.000 евра.

Сето тоа го снимила една жена која го паркирала својот автомобил за да направи снимка од необичното случување.

Дувало силен ветер, таа била заглавена во гужвата и одеднаш ги видела парите, многу пари, рекол нејзиниот маж.

 

Се се случило на 11 февруари околу три часот попладне по локално време. Полицијата стигнала на лице место, но до денес не е утврдено од каде потекнуваат парите.

 

 

Оцени ја веста

24.02.2015 - 10:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега