ВИДЕО: Вработен на аеродром се соблекол гол пред чуварите

Еден вработен на аеродромот во рускиот град Санкт Петербург стана ѕвезда на интернет, откако се соблече само по чорапи пред вооружените чувари.

Имено, по завршувањето на работното време 31-годишниот Георги Мјакинкин тргнал да си оди дома, но кога излегол од аеродромската зграда се сетил дека на работа ги заборавил клучевите од неговиот стан.

- Се вратив на аеродромот и токму бев во делот каде доаѓаат патниците, кога ме застанаа и ме замолија да го извадам ременот и да поминам низ скенерот. Ги знам правилата и знам дека не е потребно во тоа подрачје да се биде така суров. Но, чуварите беа претерано нерасположени и кога одбив и реков дека се враќам по клучевите, тие викнаа полиција, објасни тој по случката.

Полицајците, исто така, побарале од него да го извади ременот, по што тој се налутил, целосно се соблекол и низ скенерот минал само по чорапи.

Збунетите полицајци останале без текст и му дозволиле да се облече и да си оди.

Следниот ден кога се дошол на работа, дознал дека снимката од видео надзорот се појавила на интернет и дека станала вистински хит.

Започната е истрага за тоа кој ја објавил снимката во јавноста, а Георги решил да ја тужи полицијата поради објавување на видеото.

- Знам дека ја пуштија снимката во јавност за да ме посрамотат, но јас последен ќе се смеам, изјави Мјакинкин.

 

 

Оцени ја веста

24.02.2015 - 10:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега