Легендарниот Спок во болница, обожавателите се молат за него

Ленард Нимој, актерот кој го олицетвори легендарниот господин Спок во „Ѕвездени патеки“, се наоѓа во болница поради проблеми со белите дробови.

 

Обожавателите се молат за неговото здравје, а во последните неколку месеци постојано беше во болница поради хронична опструкција.

 

Претходниот месец самиот актер на својот Твитер профил ги предупреди обожавателите да не пушат.

Како што пишува ТМЗ, Нимој овојпат е хоспитализиран поради болки во градите и се наоѓа во Медицинскиот центар UCLA.

 

Состојбата на актерот се уште не е јавно објавена, а обожавателите го поддржуваат со изреката која го одбележа неговиот лик 'Live long and prosper'.

 

 

Оцени ја веста

24.02.2015 - 11:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега