Совети за успех на работното место

Не постои човек кој не сака да напредува во кариерата и на работното место, а доколку ги следите овие совети, успехот нема да изостане.

 

Бидете точни

Доаѓањето некоја минута порано или навремено, може да остави позитивен впечаток за вас, бидејќи тоа говори за тоа колку работата ви е важна и остава впечаток дека знаете да управувате со вашето време.

Изгледајте добро

Никогаш не оставајте впечаток како штотуку да сте излегле од креветот. Ќе се случи тоа некогаш, нормално, сепак, избегнувајте го таквото сценарио. Одвоете секое утро доволно време за освежително туширање, за избор на примерна комбинација и за здрав појадок. Така не само што ќе оставите позитивен впечаток на другите, туку тоа ќе ви помогне и на вас да чувствувате како секогаш имате контрола над сите аспекти, дури и кога имате еден куп хартии на бирото.

Преземете одговорност

Тука пред се мислиме на неуспесите, бидејќи така на останатите ќе им покажете дека можат да ви веруваат. Од друга страна, со префрлувањето на вината на другите ќе се покажете во целосно поинакво светло.

Избегнувајте сплетки

Интеракцијата на работното место е многу посакувана, но никако таа не смее да изгледа како епизода од некоја серија полна со сплетки и калкулирања. Озборувањето и жалењето од другите оставете го за вашата мајка, пријателите или вашиот партнер, а во канцеларијата фокусирајте се на работата.

Претставете нови идеи

 

Ако имате било какви предлози, кои можат да ја подобрат работата на вашиот тим или целата компанија, претставете ги! Понекогаш е потребно и да ризикувате, да излезете од зоната на комфорот и да поттикнете нешто ново. Така ќе покажете дека можете уште повеќе од она што го работите, што секогаш е добро. И да, секогаш давајте 100 проценти од себе, без оглед колку некоја задача е едноставна. Можеби тоа нема да се цени веднаш, но бидете сигурни дека кога-тогаш ќе биде ценето. Само бидете трпеливи.

 

 

Оцени ја веста

24.02.2015 - 11:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега