ВИДЕО: "Боцкање" луѓе во гето - шегата тргна на лошо

Група американски тинејџери сакале со скриена камера да снимат шеговито видео со случајни минувачи и потоа записот да го објават на Јутјуб, но нивните планови не се одвивале онака како што замислиле. 

Имено, шегата се состоела во тоа што тие на улица им приоѓале на случајни минувачи, првенствено мажи, и ги прашувале: сакаш ли да те боцнам?

Тинејџерите на овој начин сакале да ја исмеваат опцијата „боцкање“ на Фејсбук т.н. „poke“, но на случајните минувачи тоа воопшто не им било смешно.

Напротив, дел од нив ваквото прашање го сфатиле како закана или непристојна понуда, па бурно реагирале на тоа физички напаѓајќи ги тинејџерите. 

Авторите на видеото, сепак, на крајот решиле снименото да го објават на Јутјуб. 

 

 

Оцени ја веста

24.02.2015 - 12:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега