Мини-стан во Париз од 6,2 квадрати за 76.000 евра

"Стан" во центарот на Париз од 6,2 квадратни метри се продава за 76.000 евра.

Оваа минијатурна станбена единица, претворена во гарсоњера, има туш и заеднички тоалет во поткровјето и се наоѓа до IX париски ародондисман, пренесува весникот Фигаро.

Идниот сопственик нема да може да го изнајмува овој простор, бидејќи според францускиот закон е забрането да се изнајмува простор помал од 9 квадрати за постојан престој, или простор под 7 квадрати за привремен престој.

Вообичаено е ваквите простори да се купуваат за да се издаваат и сопствениците често го кршат законот.

Неодамна весникот Фигаро пишуваше за станар кој 15 години изнајмувал соба од 4 квадрати по цена од 300 евра месечно, што е противзаконски, а такви примери во француската престолнина има многу.

 

 
 
 

 

Оцени ја веста

24.02.2015 - 14:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега