Следниот Спајдермен ќе биде црнец?

Иако сите сме навикнати Спајдермен да е белец, судејќи по трачевите кои кружат по интернет, постои голема можност познатиот јунак да биде црномурест.

Неименуван извор од Холивуд вели дека блиску е одлуката новиот Спајдермен да биде или хиспано или црнец, но во секој случај нема да биде бел. Инаку се претпоставува дека новиот Спајдермен ќе биде токму Mајлс Моралес, црномурестото хиспано момче кое беше Спајдермен во стрипот Ultimate Comics.

Тоа што Спајдермен ќе биде црнец има голема врска со протечените електронски писма на Сони, кои содржеле назнаки на расизам. Со ова Сони се обидува да ги испере валканиците од себе, тврдат познавачите.

Следниот филм за Спајдермен е планиран за 2017 година, а по потпишувањето од Сони тврдеа дека следниот човек пајак сепак ќе биде Питер Паркер.

Vistina.mk

 

 

Оцени ја веста

24.02.2015 - 15:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега