Пристигна долгоочекуваната апликација за деца – YouTube Kids

„Google“ го исполни своето ветување и ја пушти за бесплатно симнување специјалната детска верзија на „YouTube“ за „Android“.

 

Изненадувачки, компанијата објави и верзија на апликацијата за „iOS“, која се очекуваше да се појави малку подоцна. За сега апликациите може да се преземат во САД и избрани региони. Постепено ќе стануваат достапни за повеќе држави.

 

„YouTube Kids“ е посебен проект на интернет гигантот кои сака да направи верзии на најпопуларни услуги за деца. Апликацијата е во согласност со интересите на најмалите, па доаѓа со поедноставен интерфејс во кој има неколку категории со содржини. Во зависност од регионот, апликацијата може да нуди и популарни детски емисии, чиј серии се наоѓаат на „YouTube“.

Целата содржина во „YouTube Kids“ е прилагодена на децата. Таа е поделено на забава, образование, музика, игри и друго. Апликацијата е развиена од страна на тим на „Google“, во која учествуваа само родители.

Тоа е во согласност и со нивните желби и дава поголема контрола над нивната примена. Така на пример, родителите можат да воведуваат одредено време за работа на апликацијата. Откако тоа се надминува, „YouTube Kids“ автоматски се затвора и заклучува со лозинка.

Апликацијата „YouTube Kids“  е бесплатна и веќе достапна за „Android“ и „iOS“.

 

Извор: Вистина.мк

 

 

Оцени ја веста

24.02.2015 - 16:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега