„Пуштете ме да ја видам Боби, ќе се разбуди веднаш штом го слушне мојот глас“

Ник Гордон (22) и понатаму не може да ја посети Боби Кристина Браун (21), која веќе извесно време е во индуцирана кома. Нејзиното семејство не му дозволува да ја види, а го обвинуваат и за проблеми со дрогата и сметаат дека заради него сега е во болница.

Ник, пак, кажува поинаква приказна, и татко и на Боби Кристина, Боби Браун (46) го нарекува лицемер. Вели дека ќерка му ја видел само четири пати во последните пет години, а сега кога е во болница и се бори за живот глуми грижлив татко. Сето тоа, според него, е само глума, затоа што Боби го интересираат само парите кои неговата ќерка ги наследи од мајка и, покојната Витни Хјустон.

-Пуштете ме во болница, Боби сигурно ќе се разбуди веднаш штом ќе го слушне мојот глас. Боби, време ти е да се собереш и да сфатиш дека ќерка ти ќе те мрази кога ќе се разбудиш затоа што си лош татко. Никогаш не си бил покрај неа кога си и требал, а ниту на мајка и. Ги уништи двете, а јас ги тешев", е само дел од објавата на Ник на социјалните мрежи

 

 

Оцени ја веста

24.02.2015 - 18:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега