Актерка во затвор бидејќи била на вечера со Путин

На италијанската актерка Орнела Мути  вчера судот и изрекол затворска казна поради тиа што лажела дека е болна за да избегне претстава во театар, а отишла на вечера со рускиот претседател Владимир Путин.

Судот во Порденоне ја прогласил Орнела за виновна за измама, откако утврдил дека во декември 2010 година го убедила лекарот да и даде лажна потврда дека е боледува од ларингитис за да го избегне договорениот настап во театарот.

Актерката, која по настап заработувала околу 25.000 евра, отишла на добротворна вечера во Санкт Петерсбург. Судот ја казнил Мути со 600 евра и осум месеци затвор, која може да биде претворена во условна казна доколку со 30.000 евра ја надокнади штетата која му ја нанела на театарот.

 

 

Оцени ја веста

25.02.2015 - 19:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега