Марк Ентони ја откри тајната - вака ги освојува најпосакуваните жени

Пејачот Марк Ентони секогаш бил опкружен со најубавите жени, па иако никогаш не добил комплименти на својот изглед, тој конечно ја откри тајната за тоа како ги освои некои од најпосакуваните жени во светот.

Марк беше во брак во Џенифер Лопез, а сега е оженет со убавата манекенка Шенон де Лима.

Иако многу дами велат дека изгледот не им е важен, обожавателите ширум светот се прашуваат која е тајната на освојување на овој човек кој никогаш не бил дл од најпосакуваните мажи на светот.

Пејачот открива дека сите заслуги одат кон неговиот татко кој за време на неговото растење бил брутално искрен кон него.

-Кога бев мал татко ми ми рече: „Сине двајцата сме грди, така да најдобро е од мал да поработиш на својата личност бидејќи така ќе го зајакнеш својот карактер“, вели Марк и признава дека тој совет на татко му никогаш не го повредил.

-Цел живот го гледам неговото лице и знам дека беше во право, додава тој.

Иако сега е во среќен брак со убавата манекенка, Марк вели дека е во одлични односи и со поранешната сопруга Џенифер Лопез.

 

 

 

Оцени ја веста

26.02.2015 - 12:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега