ВИДЕО: Биле во брак 67 години, починале држејќи се за рака

Трогателна приказна која ќе ви измами солзи на очите. Биле заљубени цели 67 години, а заедно починале држејќи се за рака...

Флојд Хартвиг (90) починал во старски дом, при што до последен момент за рака ја држел неговата 89-годишна сопруга Вајолет, која починала пет часа подоцна.

Вајолет во последните неколку години од животот боледувала од деменција, а Флојд се грижел за неа колку што можел. Во јануари лекарите дијагностицирале дека му откажуваат бубрезите и рекле дека му преостануваат уште неколку месеци од животот.

- Имаа посебна врска. Мислам дека таа се засили во последните месеци од нивните животи, изјави нивната ќерка Дона Шартон.

Иако здравствената состојба му се влошувала од ден на ден, Флојд и натаму се грижел за сопругата. - Тој тешко се движеше, но мајка ми и натаму му беше приоритет и главна грижа, рече Скартон.

Нивните деца решиле да ги доближат нивните кревети за да можат во последните моменти од животите да се држат за раце.

Тие биле во врска уште од основното училиште, а се венчале на 6 август 1947, кога Флојд дошол на отсуство за време на отслужувањето на воениот рок во Морнарица. Додека Флојд бил во војска, од 1946 до 1948 година, тие си размениле повеќе од 100 писма.

По враќањето од војска, Флојд прво работел како доставувач на јајца, а потоа и како управител на една фарма во Истон во Калифорнија, од каде заминал до пензија.

Тие имаа три деца - Дона, Керол и Кенет.

 

 

Оцени ја веста

26.02.2015 - 14:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега