Актерот Микиќ стана татко на близнаците Ена и Иво

Денеска, во 9.30 часот во специјалната болница за гинекологија и акушерство „Плодност“ во Битола, на свет дојдоа близнаците Ена и Иво, најголемата радост на тато и на мама, актерот Микиќ и харфистката Весна Станојевска.

 

Обајцата се пресреќни, породувањето минало во најдобар ред, за што се погрижил д-р Таше Трпчевски, кој од почеток ја водел бременоста на Весна. Станојевска се породила со царски рез. И таа и бебињата се добри, а според болничката процедура, ќе останат уште неколку дена во болницата во Битола, по што се враќаат дома во Скопје.

 

 

Оцени ја веста

27.02.2015 - 18:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега