Познат пејач осуден на 16 години затвор поради злоставување девојчиња

Седумдесет годишниот Гери Глитер чие вистинско име е Пол Гад, опишан како „сексуален предатор“, е осуден на 16 години затвор за 6 педофилски сексуални напади над 3 девојчиња, од 12 и 13 години, кои се случиле меѓу 1977 и 1980 година.

 

Судијата Алистер Мек Крит изјавил дека Глитер предизвикал „вистинска и долготрајна штета“ на своите жртви.

Во 1975 година Глитер се обидел да нападне 10 годишно девојче вовлекувајќи се во нејзиниот кревет. Две од своите жртви, девојчиња од 12 и 13 години, ги нападнал зад сцената во својата соблекувална каде ги поканил и ги изолирал од нивните мајки, пишува британски Телеграф.

Друго 12 годишно девојче било однесено во хотелската соба на педофилот и подложено на „пролонгирана епизода на сексуално злоупотребување и напад“ во 1977 година.

Кон крајот на декадата нападнал уште еднаш - овој пат 13 годишно девојче кое по концерт во соблекувалната му седнало в скут.

 

Детективот Мајкл Орчард од Скотланд Јард вели дека недостигот на каење кај него и тврдењето дека жртвите лажеле ги прави работите уште полоши. Тој им честитатеш на жртвите за храброста додавајќи дека без нивните сведоштва ќе немале случај за на суд.

 

 

Оцени ја веста

27.02.2015 - 19:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега