Кој нема мајка, ја прави од креда- емотивно видео што ќе ве расплаче

Краткото видео “Креда” (Chalk) воодушеви преку милион луѓе на Јутјуб, а е базирана на вистинска случка од Ирак. Видеото кое трае околу две минути ќе ве остави без зборови и ќе ве потсети колку значи мајчинската љубов, како и фактот дека постојат многу деца кои никогаш не ја искусиле мајчината љубов.

Видеото кое е во склоп на кампањата за посвојување на деца, ги покажува децата кои со помош на креда ја цртаат својата мајка во двор, а потоа и легнуваат во прегратка.

“Некои од нас, за разлика од привилегираното мнозинство, ја ценат и единствено што сакаат е мајчина љубов” – е пораката на краткиот филм.

 

 

Оцени ја веста

27.02.2015 - 20:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега