ВИДЕО: Емотивен момент– кога младоженецот ќе ги расплаче сватовите

Емотивен момент ги расплака гостите на венчавката на Брајан Скот и неговата сопруга Витни Ки.

Наместо на неговата идна сопруга, 24-годишната Витни, 27-годишниот Скот својот завет и го посветил на нејзината ќерка Брајли. 

- Ветувам дека секогаш ќе те држам за рака и ќе ти бидам утеха. Ветувам дека ќе ти читам приказни пред спиење и ќе ти пеам приспивни песни. Во односот со твојата мајка ќе ти покажам како еден маж треба да се однесува кон жена. И она што е најважно, ветувам дека секогаш ќе те штитам, ќе бидат крај тебе и ќе те сакам засекогаш, и порача Скот на тригодишната Брајли.

Сватовите биле изненадени од заветот на Скот, но по првичното изненадување, заветот на младоженецот ги расплака речиси сите присутни. 

Снимката од заветот на Скот набрзо се најде на интернет и за кусо време собра илјадници „лајкови“ со што е на добар пат да стане вистински виртуелен хит. 

За само неколку дена од објавувањето на ова видео на Јутјуб, веќе има речиси 3 милиони прегледи.

 

 

Оцени ја веста

27.02.2015 - 22:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега