ВИДЕО: Гол маж снимен како бега од палатата на кралицата

Велика Британија е во шок. Дали снимката која се појави на Јутјуб, на која се гледа како гол маж на спектакуларен начин се спушта и бега од Бакингемската палата е местенка или не?

Имено, потполно голиот маж се спушта со помош на чаршави од прозорец на Бакингемската палата во која живее британското кралско семејство, притоа не успева да стигне до земјата, туку паѓа.

Интересно е тоа што ова се случува токму во моментот кога пред палатата поминуваше коњаницата на кралицата.

Портпаролот на палатата одбил да го коментира видеото, јавува „Дејли Мејл“.

 

 

Оцени ја веста

28.02.2015 - 13:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега