Преку хуманитарните мечеви на Меси се переле пари?

Германскиот неделник „Шпигел“ дојде до емаил во кој се гледа дека советникот на ѕвездата на Барселона му нуди на Левандовски 180 илјади евра да учествува на хуманитарен натпревар.

Според пишувањето на германскиот неделник „Шпигел“ еден од најдобрите фудбалери во светот Лионел Меси со посретство на својот советник, перел пари со тоа што ги плаќал светските фудбалери да играат за неговиот тим на хуманитарни мечеви.

 

„Шигел“ дојде до емаил, кој компанијата, чиј сопственик е еден од финансиските советници на Меси, го испратила на адреса на застапникот на Левандовски.

На напаѓачот на Баерн му била понудена сума од 180.000 евра да игра за екипата „Меси и пријателите“ на хуманитарен меч против „Остатокот од светот“.

Левандовски понудата ја одбил, а истата понудена сума, како што наведува „Шигел“ стигнала на адреса на Серхио Агуеро, Дрогба, Ибрахимовиќ и Фабрегас.

 

На овој начин финансискиот советник на Меси перел пари, а шпанското обвинителство најави покренување на истрага.

 

 

Оцени ја веста

28.02.2015 - 14:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега