Какви интимни фризури сакаат Македонките?

Македонките сè уште најмногу претпочитаат бразилска депилација, меѓутоа сè почесто се одлучуваат својот интимен дел да го украсат со „фризура“ со необичен стил.

Фризурата која ја избираат честопати знае да биде во облик на пеперутка, срце или ѕвезда, истражува „Убавина и здравје". 

Вработените во козметичките салони тврдат дека секој ден се среќаваат со необични барања за депилација на интимните делови, додавајќи дека не обожаваат да ги извршуваат. Но доколку дамата инсистира и со себе донесе шаблон од посакуваната шара, тогаш желбата ќе ѝ биде исполнета.

Шаблони за интимна депилација можат да се најдат во козметички продавници. Изборот не е голем, па дамите можат да избираат само помеѓу романтично срце, ѕвезда, усни, гром, стрелка (партнерот да може да го пронајде правецот) или пеперутка.

Не ретко и мажите ги придружуваат своите партнерки во козметичкиот салон, а потоа им ја избираат „фризурата" што најмногу им се допаѓа.

 

 

Оцени ја веста

01.03.2015 - 10:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега