Атланта и ослабена без Антиќ го доби Мајами

Кошаркарите на Атланта ја остварија и четвртата победа во низа, откако синоќа во драматичен натпревар го победија Мајами на гостински терен минимално со 93:91.

Пол Милсап со 22 поени ги предводеше „Хоукси„ до 47-та победа сезонава . Македонскиот интернационалец Перо Антиќ не беше во составот на Атланта, а не настапија нити Џеф Тиг и Ал Хорфорд. На спротивната страна 22 поени постигна Двејн Вејд.

На останатите натпревари одиграни ноќеска постигнати се овие резултати: Вашингтон – Детроит 99:95 , Њујорк - Торонто 103:98 , Минесота - Мемфис 97:101 , Далас - Бруклин 94:104 , Феникс - Сан Антонио 74:101 и Јута – Милвоки 82:75 .

Вечерва ќе се одиграат два натпревари. Од 19 часот стартува средбата Чикаго - Лос Анџелес Клиперс, додека во терминот од 
21 часот и 30 минути закажан е почетокот на натпреварот меѓу Хјустон и Кливленд.

Пласман Источна конференција: Атланта 47-12 (победи-порази), Чикаго 37-22, Торонто 37-22, Кливленд 37-23, Вашингтон 34-26, Милвоки 32:27, Мајами 25-33, Бруклин 25-33, Индијана 24-34,...

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 45-11, Мемфис 42-16, Хјустон 40-18, Портланд 38-19, ЛА Клиперс 38-21, Далас 39-22, Сан Антонио 36-23, Оклахома Сити 32-27

 

 

Оцени ја веста

01.03.2015 - 11:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега