МЗТ Скопје ја пречекува Унион Олимпија

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром вечерва играат против Унион Олимпија во меч од 23.коло на регионалната АБА лига.

Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром предводен од новиот тренер Алеш Пипан попладнево од 17 часот пред својата публика во СЦ „Јане Сандански’’ ја пречекува љубљанска Олимпија, тим кој бори за место меѓу четирите најдобри во АБА конкуренцијата, а со тоа и пласман во полуфиналето од плејофот.

Ова ќе биде првиот меч на поранешниот македонски селектор Пипан, по неговото враќање во редовите на МЗТ Скопје и тоа само пет дена откако Словенецот доби отказ токму од Олимпија.

Покрај овој натпревар вечерва (19 часот) ќе се игра дербито меѓу Партизан – Црвена Звезда.

Колото ќе биде комплетирано во понеделник со средбите, Левски Софија – Игокеа и Металац – Цибона.

На натпреварите кои се одиграа вчера и завчера беа постигнати следниве резултати: Цедевита - Мега Лекс 103:107 (по продолжение), Солнок – Будуќност 72:81и Крка – Задар 83:80.

 

 

Оцени ја веста

01.03.2015 - 11:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега