Влошена состојбата на ќерката Хјустон по будењето од кома

Обидот за будење на ќерката на Витни Хјустон од кома не им појде од рака на лекарите.

Како што пренесува CNN, болничкиот персонал од болнницата во која е хоспитализирана 21-годишната Боби Кристина престанале да и даваат дел од лековите, со цел полека да ја разбудат, но кај девојката тоа предизвикало само контра ефект, епилептични напади. Поради тоа лекарите одлучиле таа и понатаму да остане во кома.

Таа се уште се наоѓа во критична состојба откако е пронајдена онесвестена во када во домот во кој живеела со своето момче Ник. Како што пишуваат дл од странските медиуми, него наводно му е забрането да ја посетува Боби Кристина додека не се истражат околностите под кои се предозирала.

 

 

Оцени ја веста

01.03.2015 - 11:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега