„Мавровски меморијал“: Романците покажаа дека се без конкуренција

Романските натпреварувачи ја потврдија својата доминација на меѓународната манифестација во нордиско скијање „Мавровски меморијал’’, откако и на денешните трки тие беа најдобри.

Со трките на 5 километри во машка и женска конкуренција одржани денеска на патеката „Мирна долина’’ на Бистра, заокружена беше дводневната програма од 52-то издание на „Мавровскиот меморијал’’.

Како и вчера, најдобри повторно беа романските натпреварувачи. Во машката трка, првото место го освои Паул Пепене со време од 11:33.62 минути. Втор беше неговиот сонародник Петрика Хоџи - 11:51.12, а трет Еди Дадиќ од Хрватска - 12:04.15.

Најдобро пласиран македонски натпреварувач беше Дарко Дамјановски, кој го освои 9-место со време од 13:21.20, додека Тони Станоески беше 10-ти со резултат 13:52.94.

Кај жените Тимеа Сара од Романија до првото место стигна со време од 13:57.82 минути, пред Антонија Григориева (14:26.28) и трето пласираната Тања Красиќ од БиХ (14:45.17).

Македонската нордијка Росана Кироска го освои 5-место со време 15:38.90.

На 52-то издание на „Мавровскиот меморијал’’ настапија 52 натпреварувачи во двете конкуренции од осум држави.

 

 

Оцени ја веста

01.03.2015 - 15:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега