Продадов дискотека за да ја спасам мајка ми- се отвори познатиот пејач

Познатиот пејач Амар Гиле Јашарспахиќ реши да се отвори за својот тежок приватен живот. Имено пејачот во последните неколку месеци има сериозни семејни проблеми. Неговата мајка Наџа беше на операција во Турција, поради што пејачот морал да ја продаде неговата дискотека за да може да го финансира нејзиното лечење.

 

Таа морала да ја отстрани цистата од бубрегот и срцето, а интервенцијата чинела многу пари.

 

 

Износот е голем, но сите се потрудивме да собереме пари за операцијата. Јас сум на турнеја, работам, собирам пари. Тешко ми е, но се трудам да бидам професионален. Ја продадов мојата мала дискотека за да соберам уште пари, открива Гиле.

 

 

Оцени ја веста

02.03.2015 - 11:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега