Македонските каратисти освоија 9 медали на интернационалниот турнир „Златно Звоно“

Викендов во Младеновац, Србија се одржа Интернационалниот карате турнир „Златно Звоно“ на кој македонските натпреварувачи од клубот Макпетрол освоија вкупно девет медали, од кои 6 златни, 2 сребрени и 1 бронзен медал.

Во екипна конкуренција борби освоени се два златни медали. Првото место го освои:

- машката екипа во конкуренција на постари јуниори (У21), во состав: Емануел Ристевски, Никола Димитриевиќ и Игор Таневски го освои првото место.

- женската екипа во конкуренција на јуниорки во дисциплината борби составена од Моника Пендаровска, Ангела Мојсовска и Ева Блажевска исто така го освои првото место.

Во поединечна конкуренција за мажи постари јуниори остварени се следниве резултати:

1. Емануел Ристевски златен медал категорија +84 кг за постари јуниори (У21),

2. Игор Таневски златен медал во категорија -67 кг за постари јуниори ( У21),

3. Никола Димитриевиќ сребрен медал во категорија -60 кг за постари јуниори (У21).

Во Јуниорска категорија за женски:

1. Ангела Мојсовска златен медал во Јуниорки +59 кг.,

2. Моника Пендаровска сребрен медал Јуниорки -53 кг.,

3. Ева Блажевска бронзен медал кадетки +59 кг.,

4. Емилија Чешмаџиевска златен медал за пионерки родени 2002 година.

 

 

Оцени ја веста

02.03.2015 - 11:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега