Надал го освои турнирот во Буенос Аирес

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ја освои 46. титула на земјен терен, откако синоќа во финалето на турнирот 250 во главниот аргентински град Буенос Аирес го победи домашниот тенисер Хуан Монако со 2-0, по сетови 6:4 и 6:1.

Надал по овој триумф се издначи по бројот на турнирски победи со Гиљермо Виљас на овој вид подлога.

По поразот во полуфиналето во Рио де Женеиро претходната недела, на турнирот во Аргентина Надал не загуби ниту еден сет, а победи четири тенисери од земјата домаќин - Аргентина. Совладани беа Архуељо, Делбонис, Берлок и Монако.

 

 

Оцени ја веста

02.03.2015 - 11:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега