Емина Јаховиќ се всели во вила вредна 2 милиони евра

Емина Јаховиќ неодамна се пресели во нова вила, чија вредност е проценета на дури два милиони евра. Новиот дом на пејачката се наоѓа во наслебата Бејкоз во Истанбул, каде живеат турските богаташи.

 

Емина и нејзиниот сопруг Мустафа Сандал, големата турска поп ѕвезда, оваа куќа ја градеа дури пет години и во неа се вселија пред два месеци. Сега пејачката, нејзиниот сопруг и двата сина Јаман и Јавуз, уживаат во вистински луксуз, иако сите благодети ги имаа и во нивниот претходен дом.

 

Емина се погрижила целиот мебел да пристигне од Милано со потпис на Армани. Таа не штедела на пари за опремување, па само за тоалетот потрошила 100.000 евра. Умивалникот и џакузито се рачно правени по мерка. Дворот на големата вила ја краси голем базен, на кој најмногу се израдувале најмногу децата.

 

За изградба на куќата, сопружниците ангажирале познати турски архитекти, но Емина беше предадена на нејзините идеи. И кога ентериерот во прашање, таа е таа која одлучила како куќата ќе им изгледа, вели извор близок на српската пејачка.

И Емина ја потврди оваа информација:

 

 

Точно е дека неодамна се преселивме во нова куќа. Долго ја средуваме, го персонализираме секое ќоше и од секој милиметар правиме дом, рекла Емина.

Извор: Вистина.мк

 

 

Оцени ја веста

02.03.2015 - 11:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега