Хомер го "открил" Хигсовиот бозон 14 години пред ЦЕРН

Во новата книга која се занимава со математиката во познатата американска серија „Симсонови“ се истакнува епизодата „The Wizard of Evergreen Terrace“ од 1998 година каде Хомер на таблата пишува на изглед неповрзана математичка формула.

- Оваа равенка всушност ја предвидува масата на Хигсовиот бозон. Доколку ја обработите, ќе добиете малку поголем број од оној кој ја означува реалната тежина на таа елементарна честичка. Малку е неверојатно дека тоа се случило 14 години пред самото откритие, изјави британскиот научник, Симон Синг.

- Серијата „Симсонови“ е серија со најмногу математика во светот, затоа што нејзините креатори се математичари, додаде Синг, автор на книгата „ The Simpsons and their Mathematical Secrets“.

 

 

Оцени ја веста

02.03.2015 - 13:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега