Сопругите им ги знаат неверствата ама не им даваат развод

Славата и моќта која ја имаат покрај своите мажи очигледно се посилни од нивната гордост и презирот на средината.

Додека чаршијата  се погласно коментира дека фолкерот Шабан Шаулиќ нема веќе што да бара во бракот со сопругата Гордана бидејќи е објавено видео во кое 63-годишниот пејач се бакнува со својата млада љубовница, 23-годишната пејачка  Ивона Неговановиќ- Цуца, неговата сопруга за српските медиуми изјавува дека нема намера да го остави.

– Немам коментар на неверството на Шабан – изјавила нервозно госпоѓа Шаулиќ видно потресена од овие случувања.

Гордана и Шабан имаат две ќерки и еден син.

Законските сопруги на српскиот политичар Милтун Мркониќ и сопственикот на „Пинк“ телевизија, Жељко Митровиќ не сакале да ја коментираат својата положба и тоа што со години ги толерираат неверствата на своите познати сопрузи.

Гордана Шаулиќ веќе неколку години му ги прогледува низ прсти  неверните излети на својот сопруг како и тоа што има тајна афера со тројно помладата пејачка Ивона. Упатените велат дека и Гоца му враќа на Шабан со иста мера и  дека поради тоа ги толерира неговите неверства. Сепак на Гордана не и било сеедно кога младата пејачка обелоденила дека е во врска со кралот на нардоната музика. Притисокот на јавноста врз законската сопруга на пејачот станува неподнослив, но нивниот брак се уште ја штити како законот за белите мечки.

 

За животот на првиот човек на тв „Пинк“ и неговат сопруга Милица може да се сними возбудлив филм. Покрај бројните пикантни детали од нивната биографија, Жељко и Милица својот брак го претставуваат како идиличен иако знаат дека тоа само е претстава за јавноста. Во декември цела Србија сожаливо ги гледаше кога Жељко се врати скршен од погребот на неговата долгогодишна љубовница Ивана Бодрожиќ (31) која беше пронајдена мртва во соба во хотелот „Хајат“ во Белград, предозирана од кокаин и пропофол. Жељко и Ивана биле во врска 7 години. По нејзината смрт сопругата на Жељко го дочека со бакнежи, а тоа јавно го покажа и на својот профил на Фејсбук.

 

Пријателите на Милутин Мркониќ велат дека неговата сопруга Даша е болна и дека поради тоа не се занимава со неговата врска со познатата пејачка Ана Бекута и не му бара развод. Иако веќе десет години не живеат заедно Мрка се уште се грижи за својата законска сопруга. Поранешниот српски министер потврдил дека не планира да се разведе наспроти тоа што веќе три години е во врска со Ана Бекута.

 

-Ана е чесна жена и не е моја љубовница. Таа е мојата единствена љубов – изјавил Мркониќ.

Извор: Попара.мк

 

 

Оцени ја веста

02.03.2015 - 15:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега